Newsletter

Шок доктрина

Availability: In stock
Delivery date: 1-2 days
Manufacturer: Ikona Publishing
ISBN:
Author:
Publish Year:
Number of Pages:
Dimensions:
Book cover:
Language:
599,00 ден.

По светскиот бестселер „No Logo“, Наоми Клеин продолжува со нова, контроверзна тема. Хипотеза за бескрупулозниот капитал, којшто преку светските корпорации им се наметнува на деловите на светот погодени од војни или од природни катастрофи, наиде на одобрување кај голем број читатели, коишто ова дело на славната авторка го прогласија за поуспешно дури и од нејзината прва книга „No Logo“. “Насекаде низ светот, во Британија, во САД, во Азија и на Блискиот исток, постојат моќници коишто заработуваат преку хаосот - ги искористуваат крвопролевањата и катастрофите за да можат сурово и немилосрдно да го преобразат светот во склад со сопствените идеи. Тие се доктори на шокот“. Наоми Клеин пишува за предизвиканите и за природните кризи, коишто служат како параван за насилна капитализација на општеството. Тука жртвите се неминовни, но за некого се прифатливи. Се заработуваат милијарди на едно цунами, ограбувајќи низ Русија, и искористувајќи го Ирак. Ова е застрашувачка приказна за тоа како некои „тепаат“ пари, додека другите се тепаат меѓу себе. Едноставно, Наоми Клеин во “Шок доктрина“ ги разобличува глобалните профитери и открива податоци и меѓусебни поврзаности, како и тоа колку сеопфатно, убедувањата на докторите на шокот доминираат во нашиот свет и на кој начин е остварена таа доминација.