RSS

Постови на блог со 'On Revolution' ознаки

On Revolution by Hannah Arendt

                                                

Со оглед на бројот на востанија и револуции што се појавија во текот на изминатите години, не би било фер да не им се даде соодветно внимание. Хана Арент ја фокусира својата студија во историјата и прави компаративна анализа на три револуции : американската, француската и руската.

Револуцијата, како и војната, е насилна. Ако зборуваме опширно и ја користиме револуцијата како насилство користено за политички и социјални цели, не правиме ништо ново. Платон и Полибиј ги опишуваат процесите со кои една форма на влада се менува во друга, но тие се дел од фиксиран циклус. ( Терминот кој го користи Полибиј е анациклоза). Меѓутоа, употреба на насилство не само за да се замени лидерот, туку и за уништување и рекреирање на целиот општествен систем, е нешто ново. Ова е типологојата за револуција на Арент.


Според гледиштата на Арент, постојат два мотиви за домашна револуција: ослободувањето, која вклучува општествена мобилност и слобода која значи политичка автономија. Ослободувањето е возможно со повеќе форми на власт, но слободата е можна со подемократски форми на владеење, и е форма на владеење која Американците трајно ја имаат воведено, како и Французите, додека е номинално воведена од страна на Русите.


Понатаму, според Арент, сите револуции се или американски или француски: американскиот тип строго се придржува кон своите политички цели, додека францускиот ги напушта своите првичи цели како одговор на историска неопходност - може да го земеме примерот кога Максимилијан Робеспјер презема и командува со државен терор во име на човечтвото. Према тоа, американскиот начин е успешен бидејќи ги достигнал своите цели (слобода за оние кои се побуниле), додека пак францускиот не е само неуспешен во оригиналниот случај, туку турбулентни акции следат во следните два века со цел да се воспостави стабилна република.


Американскиот тип на револуција бил базиран врз концептот на Аристотелската елита за политички актери во човечката природа. Француската револуција, односно масовна форма на револуција подоцна стана основа на идејата на Маркс за тоа што треба да биде - стане една револуција. Меѓутоа, која била причината за неуспехот на Францускиот тип на револуција, и марксистите кој следеа по неа?

- Каде што револуционерските сили не говореле и не ја претставувале популарната волја, или во нивните обиди користат насилство со цел да се постигне среќа. Како што можеме да видиме во еудемонијата на Платон, користењето политички средства за да се постигне среќа не е нова идеја, но Арент тврди дека само во релативната модерност политичка сфера се обидува да ја одржи среќата, наместо демократските процеси.


Во некои случаи, ново стекнатата моќ на револуционерите честопати била користена за потиснување на развојните демократски институции, кои тврдеа дека ќе ги поддржат, во име на општото добро. На пример, централната советска влада брзо ги потиснала и контролирала демократските селски совети, кои формирале примарно ниво на демократија.


Она што ја прави Американската револуција успешна е мирното експериментирање на популарната демократија и нивната евентуална соработка со покохерентна влада. Пример, преминот од Статутот на Конфедерација кон модерниот устав - само интересите на народот можат правилно да одржат една револуција.


Према тоа, револуцијата не е само старо наспроти ново. Сега сите знаеме дека Француската револуција имала повеќе фракции, меѓутоа истите ги имале и кинеската, руската како и мексиканската и шпанската граѓанска војна.


Сепак, нејзиното застапување на политичка слобода пред политичка среќа е дел од контроверзноста која до денес останува целосно нерешена. Меѓутоа, таа признава дека една од големите недостатоци во американскиот модерен устав е тоа што луѓето денес го сметаат за готов призвод и се оддалечуваат од политичките прашања онаму каде што некои посебни интереси заземаат предност пред јавното добро.
Во секој случај, мораме да се согласиме со нејзината концепција за големата контрадикција на револуциите. Тие се насилни и бурни по природа, но имаат за задача да воспостават нов ред и мир. Аргументот на Арент иако е вметнат во современа смисла, сепак е стар. Претставува враќање кон класичната јавна сфера, односно активно граѓанство во јавната дебата.


Кога страстите од војните стивнуваат, неопходно е луѓето да сакаат да ги продолжат своите тешки борби и да го спречат повторното ширење на корупција. Тоа треба да е лекција која не се однесува само на народите во оние земји кои продолжуваат да се борат за својата слобода, туку и оние кои ја земаат здраво за готово својата стабилност и ја игнорираат важноста на континуираната дебата. Историјата не е нешто што може да се предвиди, ниту пак нашите идеи и знаења од минатото можат целосно да ни опишат што ќе се случи во иднината. Во секој случај ова е една вредна и сложена книга, која е посветена многу детално на модерната политика, и секој човек кој е заинтересиран за современите политички теории треба да ја има во својата листа.