RSS

Постови на блог со 'children literature' ознаки

"Up and down" - Oliver Jeffers

                                   

               Пингвините имаат крилја со причина, нели? Да имаш најдобар другар кој има свој авион е една работа, но вистински да искусиш како е да леташ со сопствени крила е нешто сосема поинакво. Во оваа приказна имаме еден пингвин кој верува дека единственото нешто нешто што му недостасува за да се чувствува целосно е да полета... но ако летањето е прекрасно искуство зошто тој сега се чувствува толку тажно и осамено? Можеби затоа што некои искуства се подобри кога ќе се споделат со некој (и затоа што пингвините се многу посреќни кога се на земја).

Со оваа забавна и хумористична приказна ние учиме за вредноста на споделените искуства.

Наставно забавни активности

- Момчето и пингвинот се најдобри пријатели кои прават се заедно. Размисли и напиши за работите кои сакате да ги правите ти и твоето другарче.

- И момчето и пингвинот стануваат загрижени кога се разделени. Како изгледа "загриженоста"? Можеш ли да се сетиш на други емоции?

- Раскажи ја приказната во прво лице, односно од гледна точка на момчето или на пингвинот.

- Момчето и пингвинот сакаат да играат табла. Пробај да ја играш ти оваа игра. Можеш ли да ги запишеш правилата за и другите да ја научат оваа игра.

- Напиши приказна за друго животно кое пробува да постигне нешто необично.

Наука

- Дознај повеќе за пингвините. Каде живеат обично? Што јадат? Како се прилагодуваат да живеат во одредени живеалишта?

- Пробај да направиш  ланци на исхара во кои се вклучени пингвините.

- Пингвинот сака да лета. Дознај нешто повеќе за гравитација и како тој би можел да ја надмение и да полета.

Уметност

- Нацртај нов комплет на џемпер и капа за да носи момчето, кој ќе одговара со облеката на пингвинот.

- Дизајнирај билет за влез во циркусот во кој пингвинот ќе настапува.

Географија

- Нацртај мапа на зоолошката и покажи на кои места момчето го бараше пингвинот.

Историја

- Дознај повеќе за историјата на летањето. Кои биле првите луѓе што летале? Како го постигнале тоа? Како се смениле авионите оттогаш?



"Stuck" Oliver Jeffers

                                   

             На Флојд змејот се заглавува на дрво. Го фрла својот чевел по него, но и тој останува заглавен на дрвото. Го фрла и другиот чевел и тој останува заглавен заедно со сите работи кои ги фрлил...скала, мешавина на бои, кујнски мијалник, како и кит... меѓу другото. Дали Флојт некогаш ќе си го врати назад змејот?



Наставни идеи:

- Голема буква се користи на различни места во приказната. Можеш ли да објасниш зошто?

- Флојд во приказната фрла орангутан, кој сигурно треба да биде на некое друго место. Напиши твоја приказна во која објаснуваш каде бил орангутанот и како Флојд го фатил.

- Додај "облаче" на секоја слика од Флојд и во него објасни (напиши), што тој размислува и како се чувствува.

-Приказната е напишана во трето лице. Можеш ли да ја напишеш во прво лице?

-Напиши приказна во која објаснуваш како различни предмети, животни и луѓе се нашле на дрво.

-Можеш ли да напишеш твоја приказна со наслов "Заглавен" ? Кој или што е заглавено и како ќе биде спасено?



Математика

- Размисли за различните големини на предметите кои Флојд ги фрла на дрвото. Колку е долго, високо и тешко секое од нив? Можеш ли да ги измериш?

- Процени ја вредноста на секој предмет што Флојд го фрла на дрво. Која е вкупната вредност на сите предмети кои се на дрво до крајот на приказната.



Наука

- Дознај зошто змејовите летаат. Кои сили се вмешани?

- Дознај за различните видови на дрвја. Како растат и како се размножуваат?

- Луѓето и предметите на илустрациите имаат сенки. Можеш ли да објасниш како сенките се формираат ?



Уметност

- Погледни ги различните илустрации на дрвја во приказната. Иако е истото дрво, обоено е во неколку различни бои. Може ли ти да нацрташ една иста работа повеќе пати и да ја обоиш во различни бои ?

- Погледи како се нацртани сенките во илустрациите. Можеш ли ти да нацрташ некои предмети со нивните сенки? Може ли да ги нацрташ во различен дел од денот? Како би се менувало местото на сенката?

Јазици

- Може ли да ги преведеш предметите кои Флојд ги фрла на дрво на повеќе јазици?

- Дали може да дознаеш како се вика дрво на други јазици?

 

   Напиши како ти би ги одглавил работите заглавени на дрвото. 

There's a tiger in the garden

           

                                                     

           

               Баба ѝ на Нора тврди дека во нејзината градина има тигар но Нора не ѝ верува. Таа исто така вели дека таму можат да се најде и поларна мечка, месојадни растенија па дури и вилински кончиња големи колку птица. На Нора и е толку многу досадно, што решава да излезе и да разгледа низ градината. Изгледа баба ѝ и ја кажува вистината, таа по кратко време се сретна со мечката, ги виде вилските кончиња, успешно избега од месојадните растенија и се најде лице во лице со најпријателскиот тигар што некој може да го замисли.

            Ова е слатка и надреална приказна со прекрасна сликарска илустрација, со која книгата станува навистина посебна. Оваа книга ја продолжува традицијата на пријателски големи мачки во детската литература, па затоа тигарот на Нора е сигурен дека ќе ги израдува оние кои сонуваат за тигри кои доаѓаат на чај, а потоа остануваат да си поиграат во градината.

           Добитник на наградата Waterstones Children's Book Prize за 2017 годинина, во категоријата на илустирани книги.