RSS

Постови на блог со 'history' ознаки

Homo deus - A brief history of tomorrow

Homo Deus

Во оваа книга Харари испитува што може да се случи со светот кога старите митови ќе дојдат во комбинација со новите технологии, како што се вештачка интелегенција и генетски инженеринг. Што ќе се случи со демократијата кога Google и Facebook подобро ќе ги знаат нашите интереси како и нашите политички преференци отколку ние самите? Што ќе се случи со социjалната држава, кога компјутерите ги притискаат луѓето надвор од пазарот на трудот и се создава нова голема "бескорисна класа". Како од homo sapiens стануваме homo deus и какви нови судбини ќе си поставиме себе си ? Што ќе треба да превземеме и како ќе ја заштитиме оваа кревка планета од човештвото, нивната деструктивна сила и само создадените богови? Homo deus ни дава да ѕирнеме во соништата и кошмарите кои ќе го обликуваат дваесет и првиот век.

Во текот на изминатиот век, човекот успеал да го направи невозможното, да ги запре гладот, чумата и војната. Но како што Харари објаснува, гладот, чумата и војната се трансформираат и за прв пат во историјата, повеќе луѓе умираат од премногу јадење отколку од глад, повеќе луѓе умираат од старост отколку од заразни болести и повеќе луѓе извршуваат самоубиство, отколку што се убиени од војници, терористи и криминалци заедно. Просечен Американец има илјада пати поголема шанса да умре од јадење во МекДоналдс отколку да биде разнесе од Алкаеда.

Со истата јасност со која Sapiens стана интернационален хит, така и со оваа книга, Харари ја обележува нашата иднина.

Sapiens: А brief history of humankind

Како луѓето станале толку паметни?

Sapiens: А brief history of humankind

Пред 100,000 години, најмалку шест човечки видови живееле на земјата. Денес постои само еден. Тоа сме ние. Homo sapiens. Ние сме најнапредните и најдеструктивните суштества што воопшто некогаш живееле на Земјата. Што е она што нѐ прави брилијантни? Што е она што нѐ прави смртоносни? Што е она што нѐ прави Sapiens?

Како нашиот вид успеал во борбата за доминација? Зошто нашите предци, кои трагале по храна, се здружиле за да изградат градови и кралства? Како дојдовме до тоа да веруваме во богови, нации и човекови права; да им веруваме на парите, книгите и законите; да им робуваме на бирократијата, возните редови и конзумеризмот? И, каков би бил нашиот свет во милениумите што следат?

Во Sapiens, д-р Јувал Ное Харари, се движи низ целата човекова историја, од првите луѓе кои оделе по земјата до радикалните, понекогаш и катастрофални откритија на когнитивните, земјоделските и научните револуции. Со увид во биологијата, антропологијата, палеонтологијата и економијата, тој истражува како историјата ги обликува човечките општества, животните и растенијата околу нас, па дури и нашите карактери. Дали некогаш ќе можеме да се ослободиме од наследството на нашите предци? И што, ако ништо друго, можеме да направиме ние, за да влијаеме во текот на вековите што следат?

Тој исто така поставува и фундаментални прашања за среќата. Кога во нашата долга историја како homo sapiens сме биле комплетно исполнети? Како ловци, бркајќи мамути? Како земјоделци обработувајќи земја? Или можеби како богобојазливи селани во средниот век? Уште поважно, тој прашува: Кои сме ние како вид? И каде одиме?

Храбар, опширен и провокативен, Sapiens го предизвикува и го става во прашање сето она што мислевме дека го знаеме за тоа што значи да се биде човек: нашите мисли, нашите дела, нашата моќ... како и нашата иднина.