RSS

Постови на блог со 'sapiens' ознаки

Sapiens: А brief history of humankind

Како луѓето станале толку паметни?

Sapiens: А brief history of humankind

Пред 100,000 години, најмалку шест човечки видови живееле на земјата. Денес постои само еден. Тоа сме ние. Homo sapiens. Ние сме најнапредните и најдеструктивните суштества што воопшто некогаш живееле на Земјата. Што е она што нѐ прави брилијантни? Што е она што нѐ прави смртоносни? Што е она што нѐ прави Sapiens?

Како нашиот вид успеал во борбата за доминација? Зошто нашите предци, кои трагале по храна, се здружиле за да изградат градови и кралства? Како дојдовме до тоа да веруваме во богови, нации и човекови права; да им веруваме на парите, книгите и законите; да им робуваме на бирократијата, возните редови и конзумеризмот? И, каков би бил нашиот свет во милениумите што следат?

Во Sapiens, д-р Јувал Ное Харари, се движи низ целата човекова историја, од првите луѓе кои оделе по земјата до радикалните, понекогаш и катастрофални откритија на когнитивните, земјоделските и научните револуции. Со увид во биологијата, антропологијата, палеонтологијата и економијата, тој истражува како историјата ги обликува човечките општества, животните и растенијата околу нас, па дури и нашите карактери. Дали некогаш ќе можеме да се ослободиме од наследството на нашите предци? И што, ако ништо друго, можеме да направиме ние, за да влијаеме во текот на вековите што следат?

Тој исто така поставува и фундаментални прашања за среќата. Кога во нашата долга историја како homo sapiens сме биле комплетно исполнети? Како ловци, бркајќи мамути? Како земјоделци обработувајќи земја? Или можеби како богобојазливи селани во средниот век? Уште поважно, тој прашува: Кои сме ние како вид? И каде одиме?

Храбар, опширен и провокативен, Sapiens го предизвикува и го става во прашање сето она што мислевме дека го знаеме за тоа што значи да се биде човек: нашите мисли, нашите дела, нашата моќ... како и нашата иднина.