RSS

Постови на блог со 'up and down' ознаки

"Up and down" - Oliver Jeffers

                                   

               Пингвините имаат крилја со причина, нели? Да имаш најдобар другар кој има свој авион е една работа, но вистински да искусиш како е да леташ со сопствени крила е нешто сосема поинакво. Во оваа приказна имаме еден пингвин кој верува дека единственото нешто нешто што му недостасува за да се чувствува целосно е да полета... но ако летањето е прекрасно искуство зошто тој сега се чувствува толку тажно и осамено? Можеби затоа што некои искуства се подобри кога ќе се споделат со некој (и затоа што пингвините се многу посреќни кога се на земја).

Со оваа забавна и хумористична приказна ние учиме за вредноста на споделените искуства.

Наставно забавни активности

- Момчето и пингвинот се најдобри пријатели кои прават се заедно. Размисли и напиши за работите кои сакате да ги правите ти и твоето другарче.

- И момчето и пингвинот стануваат загрижени кога се разделени. Како изгледа "загриженоста"? Можеш ли да се сетиш на други емоции?

- Раскажи ја приказната во прво лице, односно од гледна точка на момчето или на пингвинот.

- Момчето и пингвинот сакаат да играат табла. Пробај да ја играш ти оваа игра. Можеш ли да ги запишеш правилата за и другите да ја научат оваа игра.

- Напиши приказна за друго животно кое пробува да постигне нешто необично.

Наука

- Дознај повеќе за пингвините. Каде живеат обично? Што јадат? Како се прилагодуваат да живеат во одредени живеалишта?

- Пробај да направиш  ланци на исхара во кои се вклучени пингвините.

- Пингвинот сака да лета. Дознај нешто повеќе за гравитација и како тој би можел да ја надмение и да полета.

Уметност

- Нацртај нов комплет на џемпер и капа за да носи момчето, кој ќе одговара со облеката на пингвинот.

- Дизајнирај билет за влез во циркусот во кој пингвинот ќе настапува.

Географија

- Нацртај мапа на зоолошката и покажи на кои места момчето го бараше пингвинот.

Историја

- Дознај повеќе за историјата на летањето. Кои биле првите луѓе што летале? Како го постигнале тоа? Како се смениле авионите оттогаш?