Добрината на човекот е пламен кој може да биде сокриен, но никогаш згаснат
Мотивацијата е битка за срцето, а не само привлечност на умот. Страста е секогаш израз на душата.
Луѓето ќе ве следат само ако видат дека сте напред, ако се убедени се дека ја знаете патеката, ако ви веруваат и ако сакаат да стигнат таму.
Животот е премногу краток за да се троши на работи што не се важни.
Секој производ и услуга се продава по ветувањето за подобра иднина. Целта на бизнисот е да го исполни ветувањето, а профитот е награда за тоа.
„Вистински корисен водич за успех. Го сакам позитивниот дух на оваа книга, во врска со правењето да се случат одлични нешта – за потрошувачите, персоналот и акционерите – одлична цел и одли-чна забава истовремено.“
Брент Хоберман, коосновач и главен извршен раководител на lastminute.com
„Ви честитам на совршеното резиме за сите важни фактори кои придонесуваат за успех во бизнисот и во приватниот живот. Каков потенцијал за подобри резултати – и конечен успех!“
Роберт Салцл, главен извршен раководител на Арабела Хотел Холдинг Интернешенел
Едно од најмногу стимулирачките и предизвикувачки четива во оваа област кои одамна не се појавиле. Често се прашував како идеите би можеле да се применат – а одговорот го наоѓав на след-ната страница. Не е работата во тоа дека треба да се согласиме со секоја идеја – туку дека треба да го подобриме тоа што го работи-ме со соочување со претставените предизвици.“
Сер Дигби Џоунс, генерален директор, Конфедерација на британската индустрија
„Одличните книги за менаџментот треба да ве поттикнат на акција. Оваа го прави тоа! Темелно пријатно и освежувачко чети-во, кое содржи јасно дестилирани погледи, кои го провоцираат дури и најискусниот лидер да размисли повторно.“
Лорд Лич, претседавач на Комисијата за вработување, поранешен главен извршен раководител на Цирих Фајненшел Сервисис во Велика Британија и Азија
„Градењето подобар свет е порака која секој бизнис лидер треба да ја послуша и да ја претвори во акција. Патрик Диксон точно наведува на мисла дека целта секогаш е тристрана: задоволува-њето на изведбените цели на претпријатието мора да биде впрегнато со личните цели на тие кои предводат и на тие кои што работат во него, а сето тоа мора да биде остварено со поглед на поширокото добро за општеството воопшто. Ова е задолжително четиво за тие кои се грижат за нашата заедничка иднина.“
Професор Дерек Ејбел, претседател,
Европско училиште за менаџмент и технологија, Берлин
„Патрик Диксон е прв меѓу еднаквите во бизнис пишувањето `како да се стори`. Оваа брилијантна книга открива како страста за вашите потрошувачи и за вашата мисија е витална за развој на силни брендови. За секого кој се грижи за успех во бизнисот, Градење Подобар Бизнис е задолжително четиво.“
Професор Липинг Каи, директор на Пурдју Туризм & Хоспиталити Ресерч Сентер, Универзитетот Пурдју, САД
„Може да биде помалку страшно кога читате книга како Градење Подобар Бизнис. Толку многу од неа моментно одекнува со соп-ствени бизнис околности и искуство. Исто така пријатно е да се разбере дека никој од нас не е сам во обидите да гради подобри бизниси и поодредено, како што вели Патрик Диксон, подобар свет.“
Пол О`Тул, главен извршител, Туризм Ајрленд
„Оваа книга е елитно добро четиво, полна со практични увиди кои во основа ќе го сменат вашиот бизнис живот и разбирање. Постои толку многу во оваа книга кое прави позитивна разлика на начи-нот на кој управувам со моите бизниси.“
Пол Вилијамс, главен извршен раководител, МЛС Бизнис Сентр
„Пораката на Патрик Диксон е моќна, практична и важна за секој бизнис лидер. Една од највпечатливите работи околу 10.000-те бизнис сопственици на Јанг Президентс Организејшн, со комби-ниран обрт од неколку билиони долари годишно, е заедничката желба да се направи разлика, да се користи успехот во бизнисот за да се направат важни нешта да се случат во нашиот поширок свет – и тоа е се за што се работи во оваа книга. Добрата вест е дека кога сме навистина страсни за правење разлика во животите на луѓето, нашите потрошувачи добиваат подобра грижа, персоналот се чувствува повеќе посветен, заедницата има корист – и поверојатно е дека нашиот бизнис ќе биде профитабилен, како и лично исполнет“.
Алекс Капело, претседавач со Јанг Президентс Организејшн,
претседавач и главен извршен раководител на Капело Груп
„Ако сакате да бидете одличен лидер, треба да ја прочитате оваа книга. Битен водич за успех во менаџментот и бизнисот, полн со практични примери кои што провоцираат, инспирираат, охрабру-ваат и предизвикуваат. Зафаќа многу од најважните предмети во денешниот бизнис“.
Професор Прабху Гуптара, извршен директор, Организејшенел Дивелопмент, Волфсберг, подружница на ЈУ БИ ЕС
„Потчинети и неодоливи увиди кои обезбедуваат `квантен скок` и значаен пробив за актуелното размислување за бизнисот. Поврзу-вањето на нашата страст и на работните цели е моќен коктел кој ослободува, отклучува и го трансформира талентот на лично и корпоративно ниво. Патрик повторно го стори тоа: едноставна и моќна визија со рамка за акција“.
Стјуарт МекГриви, претседавач, Трансформејшенел Бизнис Нетворк и поранешен CEO на Интер – Алајанс пи ел си
„Суштински вистини кои ќе ги видиме како стожерни во нашето разбирање како успешна организација треба да биде водена. Стра-ста и целта на Патрик Диксон се очигледни, и секој во улога на лидер ќе зајакне од читањето на неговата желба за градење подобар бизнис – и подобар свет“.
Дејвид Смит, главен извршен раководител, Глобал Фјучер Форум
„Градење Подобар Бизнис комбинира несоборливи морални аргу-менти за корпоративната општествена одговорност, со забележу-вачка анализа на корпоративните користи од канализирање на моќта на страста кај луѓето“.
Кејран Ф. Билимориа, основач и главен извршител, Кобра Биар