Блог

#Среќна среда – мојот ден за добри дела

Можеме секој ден да направиме добро дело. Може да споделиме и насмевка, да дадеме поддршка некому. Некому може да му помогнеме кога му е најтешко. Некому, да му го спасиме животот. Можеме да споделиме среќа секојдневно.
Среда одбравме да е ден кој ќе не потестува на оваа идеја.
Среда е ден кога ќе донираме.
Среда е ден кој ќе не мотивира да споделуваме добрини и да инспирираме нови.

Нашата книжарница засега одбра неколку начини за поддршка на социјално загрозени групи:
– Пакети обележани со знакот на Среќна среда во кој е назначен износот кој го донирате (100 ден, 200 ден)
– Имате опција да испиете кафе и да купите порака во шише од најмалку 50 ден, тој износ ќе биде дониран.
– Можете да оставите бакшиш ако сте задоволни од нашата услуга, ние бакшижот го донираме.