Амамот Балканија
190 ден
Роман-добитник на наградата „Балканика 2007“.
„Посака некој да го убие. Да, токму така. Едноставно – да биде убиен. Во последната година толку многу работи што му беа важни и многу од оние што ги сакаше исчезнаа од неговиот живот. Се разбира, не случајно. Сè беше грижливо испланирано и исто така остварено. Мораше да се признае, соперникот сè изврши без грешка… Ете, желбата му се исполни: беше убиен.“
Амамот Балканија претставува возбудлива и промислена приказна за две историски времиња (16 век и нашата доба) и за јунаци сместени во просторот меѓу два идентитета: Мехмед-паша Соколовиќ, Коџа Мимар Синан, Сулејман Величествениот и великиот везир Рустем-паша, испреплетени со ликови од нашето време – големиот турски писател Орхан Памук, Алберто Мангел, Ален Гинзберг, Леонард Коен, Сјон, Алан Стивел и водачот на ЕТА, Раул Т.