Балзак и малата кинеска шивачка
250 ден
Даи Сижи е роден во Кина во 1954-та. Тој е режисер кој и самиот бил „превоспитан“ во периодото 1971-1974. Заминал од Кина во Франција во 1984-та, каде што живее и работи и денес. Неговиот прв роман „Балзак и малата кинеска шивачка“ доживеа успех преку ноќ кога во 2000-та се појави во Франција, станувајќи бестлесер и добивајќи пет награди. Книгата е преведена во дваесетина земји,а по неа е снимен и филм.