Бледи сенки, далечни гласови
315 ден
Во Бледи сенки, далечни гласови ќе го забележиме ненаметливото присуство на разнородни дискурси и теми, симболично важни соништа, префинети муабети за омилените филмови, изводи од личната преписка и обраќања кон реални (но и измислени) личности од нашиот културен живот, сеќавања од младешките, бунтовни години во Скопје, но и потресните сведоштва за актуелните, немири и бурни настани, поврзани со недоличното политичко редефинирање на Струга.
„Димитрие Дурацовски во книгата одбира да го забележи, соочи, сочува, воспоменичи, запамети, пренесе и предочи најблагородното во Човекот – уметноста и убавото. Да го сведочи животот како тотален уметнички чин. Да ја создава и да ја сочува зачудната равенка меѓу животот и уметноста. Убавината. Повикот на едно луцидно Писмо! Во прво лице! Секогаш! Сведоштво!“
Елизабета Шелева