Браќата Карамазови I, II, III и IV том
1,000 ден
Браќата Карамазови се смета за едно од најврвните достигнувања во светската литература, најголемото и најсеопфатното дело на Фјодор М. Достоевски.
Станува збор за страстен филозофски роман, чие дејствие се случува во XIX век во Русија. Романот покренува длабоки етички дебати за природата на Бог, слободната волја и моралот. Тоа е еден вид спиритуална драма за моралните борби поврзани со верата, сомнежот, судењето и разумот, со заплет кој се одвива околу прашањето за убиството на таткото.
Исполнет со страст, страдање, алчност, љубов, љубомора, тага и хумор – романот на Достоевски истовремено претставува и филозофска и теолошка расправа, и врвна психолошка анализа на природата на човекот.
„Најголемиот роман на сите времиња.“
Сигмунд Фројд
„Достоевски е единствениот психолог од кој сё научив: тој припаѓа на најсреќните изненадувања во мојот живот.“
Фридрих Ниче
„Не постои друг писател кој подобро од Достоевски ги покажува противречностите и флуктуациите на креативниот ум, а тоа на најзачудувачки начин е изразено во Браќата Карамазови.“
Џојс Керол Оатс
Нема на залиха