Волчи ноќи
320 ден
Неодамна, во издание на издавачката куќа „Слово“ од Скопје, излезе од печат романот „Волчи ноќи“ од словенечкиот романсиер и раскажувач Владо Жабот. Книгата е дел од проектот „100 словенски романи“ којшто, преку Форумот насловенските култури, го поддржуваат тринаесет словенски земји.
Владо Жабот (1958), спаѓа во редот на најзначајните словенечки писатели, чии дела се објавуваат и се преобјавуваат и на светските јазици. За него се вели дека во својата уметност не се раководи од модните насоки. Тој е свој по јазикот и стилот и ред сe по светот што го донесува неговата проза, свет само привидно реалистичен. Тоа е свет од конкретно тло, но во прозата на Жабот, тој свет станува фантасмагоричен, со физиономија блиска на она што го нарекуваме магичен реализам. Таквите елементи се присутни и во романот „Волчи ноќи“. Романот е во превод на д-р Лидија Аризанковска, професор по словенечки јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.