Градинар
150 ден
Рабиндранат Тагоре (7 мај 1861- 7 август 1941) е бенгалски поет, новелист, музичар, сликар и драмски писател кој имал големо влијание врз бенгалската литература и музика.
Во 1913 година ја добил Нобеловата награда за книжевност за делото „Гитанџали“.
Уште од својата осма година Тагоре започнал со пишување поеми. На шеснаесет години, ја објавил својата прва збирка поезија, а своите први раскази и драми ги напишал во 1877 година.
Тој бил духовен поет кој рано се прославил на Западот, но неговата едноставна, но волшебна поезија сѐ уште останува неразбрана надвор од границите на Бенгал.
Во Индија, Тагоре го ценат најмногу како поет, а во преводите е попознат како прозаист поради тешкотијата – звучноста и сликовитоста на неговата поезија да се предаде на друг јазик.
Неговите поетски збирки „Гитанџала“ и „Градинарот“ се речиси насекаде прозно препеани.