Децата на полноќта
525 ден
Салем Синај се раѓа на 15 август 1947 година, точно на полноќ, во мигот кога Индија ја стекнува својата независност. Поздравен со огномети, аплаузи на толпата, како и од премиерот Нехру, Салем расте откривајќи ги злокобните последици на ова совпаѓање. Секој чин од неговиот живот се огледува и зголемува во настаните што го насочуваат развојот на неговата татковина; неговото здравје и благосостојба се поврзани со здравјето и благосостојбата на нацијата; неговиот живот е неразделен, на моменти споен со историјата на неговата земја. Можеби највпечатливи се телепатските моќи што Синај го поврзуваат со илјада други индиски „деца на полноќта“, сите родени во тој почетен миг и надарени со магична моќ.
Романот истовремено е фасцинантна семејна сага и зачудувачка евокација на огромната земја и нејзините жители – брилијантно олицетворение на универзалната човечка комедија. Чудесно епска, прозата на Ружди се распрснува во различни временски насоки, создавајќи моќни психолошки слики, аналитички политички панорами и незаборавни индивидуални судбини. Нивниот опсег е богат колку и самата Индија.
Дваесет и пет години по своето објавување, Децата на полноќта се издвојува како епохално прозно дело, заслепувачка изведба на еден од најголемите литературни гласови на денешницата. Романот е добитник на наградата Најдоброто од Букер, која во 2009 година беше доделена по повод 40-годишнината од постоењето на Букеровата награда, при што во изборот беа вклучени сите претходни добитници на наградата.