Дневникот на едно шмокле
360 ден
Еден ден ќе станам славен, ама сега засега сум заглавен во основно школо со еден куп морони.
Не е лесно да си дете. А тоа најдобро го знае Грег Хефли, кој сега е шесто одделение во училиште во кое малите и слаби деца ги делат ходниците со деца кои се повисоки, позлобни и кои веќе се бричат.
Во Дневникот на едно шмолке, авторот и илустратор Џеф Кини нè запознава со еден неверојатен херој. Како што вели Грег во својот дневник: Така што немојте да очекувате многу-многу да се лигавам: „драг дневнику“ ова, „драг дневнику“ она…
А ние имаме среќа да уживаме во многу неочекувани и смешни ситуации, зашто она што Грег Хефли вели дека нема да го направи и она што всушност го прави се две многу различни работи.
SKU:
IK_76281
Категории Македонски, 6-12 години, Белетристика, Книги
Ознаки: книги, детски, Белетристика за деца