Додека умирав
199 ден
Вилијам Фокнер е еден од најдобрите и најславените американски писатели. Неговите описи за животот и природата на јужните краишта во Америка постојано се препрочитуваат и слават. Покрај тоа ја има два пати добиено Пулицеровата награда и успеал да влезе помеѓу престижната листа на луѓе кои добиле Нобелова награда за литература.
„Додека умирав“ е едно од неговите најславени дела. Го опишува мачниот и долг процес на семејството Бундрен додека се обидува да го пренесе мртвото тело на Еди од гратчето во коешто живеат до местото каде што Еди израснала и местото каде што изразила желба да биде закопана, затоа што таму биле закопани сите роднини од нејзината фамилија.
Патот е мачен , бидејќи водата е надојдена и им се случуваат многу непријатности во текот на патувањето. Секој член од семејството си е посебна приказна и всушност целото патување е прикажано низ очите на различни членови од семејството, а на моменти Фокнер не враќа назад во минатото преку раскажувањата на самата Еди.