Женското царство
200 ден
Чехов со својата позната и необична смисла за хумор овде ни ја раскажува приказната за Ана, млада и богата земјопоседничка. Таа е роб на својата позиција, која во еден момент сфаќа дека не живее онака како што посакувала и пред неа се појавува сета бесмислена голгота на нејзиниот живот. Ликовите и животните ситуации опишани од Чехов одговараат на реалноста и авторот наметнува актуелни прашања, кои и денес отвораат различни дискусии. Личноста на хероината, позицијата во која е сместена и менталните пресврти низ кои поминува го поттикнуваат читателот да размислува за одредени прашања од јавниот и личниот морал. Ова е приказна што ќе ве вознемири, но истовремено и воодушеви, на начин на кој може само вистинската уметност.
SKU:
IK_94373
Категории Класици, Македонски, Белетристика, Книги