Животопис
450 ден
Овој Животопис не е намерно пишуван како досегашните познати Автобиографии на некои наши и странски писатели (посебно не како biographia litteraria) туку буквално како жив опис на она што било и како беше – односно како што е, главно, запаметено, а не според некои претходни дневнички записи , кои – дури и ако биле повремено водени – бараат сосем поинаков авторски третман и стил.
Намерата на авторот овде била предимно да се фати преживеаното искуство што понепосредно – небаре само така може да се спаси од (само)заборав – а не задолжително да се пренесе како запис или четиво читливо можеби и за другите евентуално заинтересирани.
Затоа наменскиот стил од нарачаниот кус прв дел е преземен и проследен и во подолг втор дел, дури и ако е повремено телеграфски буквален или известително сожет – небаре како што ни протечува и самиот живот сега или погледнат движејќи се во ретровизор. Или пак како што би бил првин запишан, а потоа оттипкан на компјутер.