Има ли кој да ве сака
280 ден
ДОБИТНИК НА ЕВРОПСКАТА НАГРАДА ЗА ЛИТЕРАТУРА
Сега владеат кучешки времиња и литературата е едноставно еден од многубројните сиви занаети за прехранување. Во кучешки времиња поетите копнеат да станат домашни љубимци на своите покровители, разните почитувачи на современата уметност. Или, како што гинарекувам јас, тапоглавите копилиња со пари. Во кучешки времиња писателите пишуваат само работи што се во сообразност со пазарот. И со вкусовите на безобразно самоуверените неписмени консументи. Во кучешко време писателите произведуваат квалитетни јазични ПВЦ дограми и клозетски шолји. Јас се обидов да напишам нешто непазарно, несообразено со никого и со ништо. Освен со моите мисли и чувства. И мислам дека, ако некој е доволно милостив да ме прифати мене – човекот, ќе ја прифати и мојата книга. Калин Терзиски