Записот на еден мртовец
370 ден
„Записот на еден мртовец“ е третиот роман на Халид Зија, по романите „Бесрамничка“, „Немиде“, и „Ферди и неговите ортаци“. Тој се смета за преоден роман меѓу првите романи на писателот и романите на неговата творечка зрелост. Во „Записот на еден мртовец“, Ушаклигил ја гради својата приказна врз еден љубовен триаголник кој го сочинуваат Веџди- „мртовецот“ што се исповеда, кој е вљубен во ќерката на својата тетка- Ниѓар, потоа Хусам, најдобриот пријател на Веџди, кој ја сака Ниѓар и самата Ниѓар. како што може да се зклучи и од насловот на делото, важен дел од настанитесе пренесува преку исповедта на Веџди запишана во еден тефтер кој тој пред смртта му го остава на својот најдобар пријател и во кој му ја открива својата тајна љубов.