Илјада и една ноќ, том 2
400 ден
Илјада и една ноќ е една од најчитаните книги во историјата на човештвото, веднаш поБиблијата и Бајките на браќата Грим.
Собирани и пренесувани со векови од Индија, Персија и низ целиот арапски свет, хипнотизирачките текстови од Илјада и една ноќ раскажуваат реални и натприродни приказни за љубовта и бракот, за моќта и казната, за богатството и сиромаштијата, како и за бесконечните промени и пресврти на судбината.
Приказните ги раскажува убавата и умна Шехерезада. Таа се наоѓа во рацете на кралот Шахријар, кој се има заречено дека секоја ноќ ќе убие по една девица. За да се спаси, Шехерезада остроумно плете мрежа од приказни, секоја вечер оставајќи го кралот во неизвесност за тоа како ќе заврши приказната, на тој начин продолжувајќи си го животот за уште еден ден.
Илјада и една ноќ е богат калеидоскоп од приказни исполнети со магија, мистицизам, еротизам и смеа, еден од најдобрите примери за возбудливоста на литературата и нејзината смисла.