Книга од песок
280 ден
„…неговата книга се вика Книга од песок, зашто ни книгата ни песокот немаат ни почеток ни крај“.
Во збирката Книга од песок, која се состои од 13 раскази, Борхес ги продолжува своите творечки искуства, слободно користејќи ги културолошките, историските, литературните и филозофските контексти, а фабуларните настани ги обојува со авторска интелектуална рефлексија. Расказите од оваа збирка ја засегнуваат темата на алтер егото, љубовта, судбината, претпоставениот ерес, на вечните дела и на мистериозната и фасцинантна книга, бескрајна како песокот…