Контури
300 ден
Необичен колаж од портрети, епизоди и размисли што ги собира и раскажува една англиска писателка на своето патување во Атина, каде што оди да одржи предавање на летна школа за креативно пишување. Завиени во задушливата омарнина, на екскурзиите со брод, во училницата и во развревените градски кафулиња, ги запознаваме нејзините соговорници ‒ зборлестиот сосед од авионот, учениците од секаков профил, колегите писатели и старите пријатели. И колку поизразен е нивниот глас за мистеријата на креативноста и мрачните страни на интимноста, толку повоздржана е нивната слушателка ‒ магливо огледана во нивните исповеди, сопствената животна приказна и најдлабоките чувства таа ги остава само загатнати. Отстапувајќи од традиционалниот роман според формата и техниката, Контури е зрел оглед за идентитетот и неговото обезличување, потребата од другиот и потребата од (не)искажувањето. Ремек-дело за творечкиот порив што заслужено наиде на блескави критики и номинации за повеќе книжевни признанија. „Волшебно… Контури е еден сосем поинаков роман, свет што се претопува со нашиот, но не на начинот на кој би очекувале.“ Њуjоркер