Копнеж по дом
315 ден
Во центарот на овој специфично сензуален, елегантен роман, се наоѓа еден имот изграден во шумата близу Брандербуршко Езеро, недалеку од Берлин. Опфаќајќи повеќе од сто години од германската историја, од XIX век до Вајмарската Република, од Втората светска војна до создавањето на ДДР, па до конечното обединување на Германија, Копнеж по дом нè запознава со различните животни судбини на дванаесет луѓе. На еден ист простор ги следиме драматичните приказни на луѓето што ги проживуваат своите страсти и судбини. Ерпенбек со специфично чувство за раскажување и доловување на карактерите, пишува исклучителен поетичен роман, кој ги открива и обичностите на секојдневното постоење и големите егзистенцијални прашања кои се независни од времето во кое ќе се појават. Така Копнеж по дом истовремено е и многу личен и универзален роман за непрекинатата потрага на човекот по смисла.
Копнеж по дом на Ерпенбек е исклучително силна книга на една од главните германски писателки.
Гардијан
Ерпенбек ќе ви се вовлече под кожа.
Вашингтон пост