Космосот Создателот и човековата судбина
560 ден
Зошто сме тука?
И каде одиме?
Дали науката има одговор на овие две фундаментални прашања на човековото постоење?
Може ли човештвото да ја одреди и води иднината на животот на Земјата со чисто научни средства?
Преплавени со неуспехот на модерната наука да ги објасни најитните прашања на човековото постоење, многумина од постмодерните мислители иште еднаш храбро појдоа онаму каде што човекот веќе бил. Дали недостижниот свет грал на космологијата со векови ни се криел пред самите очи ?
Самиот австриски теоретски физичар, Ервин Шредингерж, добитник на Нобеловата награда во 1933 година за неговиот придонес во квантната механика, ни се доверува вака:„Науката не знае ништо за… доброто и злото, за Бог и вечноста…. од каде сум дојден и каде одам? Тоа е големото и несфатливо прашање…Науката нема одговор на тоа прашање.“
Повторувајќи ја оваа дилема, британскиот астрофизичар, сер АртурС. Едингтон, којшто е познат по неговата работа од почетокот на 20 век со теоријата на релативитетот, размислува на ист начин и вели:„Во физичкиот свет она што некое тело го прави е еквивалентно на она што би требало да го прави. Но, ние сме многу свесни за постоењето на една друга област, каде што тие воопшто не се еквивалентни… Постои јасна разлика помеѓу природниот закон, којшто мора да биде почитуван, и моралниот закон, којшто би требало да биде почитуван. Ова „би требало“ не води надвор од физиката и хемијата.“
Со помош на една голема панорама од прашања и истражувања, вечната потрага која е изнесена на овие страници ги води трагачите по светиот грал и скептиците кон едно длабоко размислување за космосот и прашањето за човековото постоење. Тоа истражување ја менува судбината. Останува само уште едно прашање: Што ќе сто-рите со вистината кога конечно ќе ја имате во вашите раце?