МАМА ЛЕОНЕ
499 ден
https://www.youtube.com/watch?v=613X5Odb38k&ab_channel=RTS3-Zvani%C4%8Dnikanal
Миљенко Јерговиќ е фасцинантен писател од најдобрата литературна традиција на Централна Европа. Мама Леоне е свежа, оригинална и заводлива приказна за семејната одисеја, вистинска и имагинарна, преку љубов и смрт, војна и чудо, тага и радост, кажани со нежна иронија, интензитет и волшебна искреност.
– Norman Manea
Овие резервни приказни говорат за сето она што можеби ќе нѐ снајде ако ја заборавиме нашата суштинска фрагилност
– Ричард Фланаган
Извонредна колекција… Мрачни, убави размислувања за тоа како рутината на животот може, во моментот кога паѓаат бомбите,
да стане непрепознатлива… Со природно чувство на нагласување на суштината Јерговиќ има ретка авторска смиреност чиј дар е толку вроден, што тој треба само да победи неколку демони и да ги задржи рацете доволно долго за да го запише сето тоа.
– Сан Диего Унион Трибјун
Миљенко Јерговиќ е извонреден стилист … Тој успева да пренесе живописни и емоционално богати слики од секојдневниот живот со најмала реторичка сензација. Неговата проза понекогаш
може да биде заводливо едноставна, но ова го открива доброто уво за јазик што ги избегнува непотребните компликации.
– Бојан Тунгуз
Првиот дел на книгата, напишана од јас перспектива, се совпаѓа со растот на младиот Миљенко, од бебе до пубертетлија, кога со збогатување на јазикот се збогатува и првичното искуство и се соочуваат првите животни искушенија од светот на возрасните низ очите на детето. Во вториот дел на Мама Леоне, во расказите од тој перспектива, суровата реалност на возрасните се доживува преку судбините на поединци, загубени и раселени низ големиот свет. Војната, пропаста на системот, разурнувањето на Сараево, синхронизира со преминот од bildungs описите на младиот Миљенко, кон емигрантските премрежија на Босанците без татковина
ОПИС