Меланхолија на отпорот
450 ден
Mоќен надреалистички роман во гогољевски манир за хаотичните збиднувања што го следат пристигнувањето на необичниот циркус во еден мал унгарски град.
Во своето култно дело Меланхолија на отпорот Ласло Краснахоркаи ги раскажува низата мистериозни настани што потресуваат едно заспано унгарско гратче. Циркусот кој ветува дека ќе го прикаже препарираното тело на најголемиот кит на светот пристигнува среде глува зима и предизвикува бизарни озборувања кај мештаните. Се шепоти дека циркусантите имаат злокобни намери, а преплашените жители се фаќаат за секаков феномен во кој наоѓаат привиден спокој – музика, космологија, властољубие. Ликовите во романот се незаборавни: злобната г-ѓа Естер, која крои планови да го заземе градот; нејзиниот маж слабак кој се повлекол од светот; кревкиот Валушка со главата во облаци, кој е наедно и херојот во книгата, единствената чиста и благородна душа…
Компактен, моќен и неизвесен, Меланхолија на отпорот е „нарација што тече бавно како лава, во пространа темна река“. А сепак, за чудо, овој роман, како што пишува Гардијан, „го вивнува читателот до месечевите височини.“