Мистеријата на пасијансот
350 ден
– Зарем никогаш не си размислувал за себе да најдеш некоја нова жена наместо да потрошиш половина од својот живот за да ја најдеш онаа што уште не се нашла себе? Прво остро се насмеа, а потоа рече: – Можам да се согласам дека тоа е помалку мистериозно. На оваа планета живеат пет милијарди луѓе. И тогаш човекот ќе засака некое одредено суштество и не сака да го замени со ниедно друго.
Вакви филозофски мисли си разменуваат таткото и синот, додека со автомобил патуваат, од Норвешка во Грција, во потрага по мајката на детето. Едно човече – џуџе, на детето му подарува лупа, а еден пекар му дава колаче – земичка, со таинствена минијатурна книга, која раскажува за морнарот кој заринкал на пуст остров во 1790 година… Шпил карти, кои, понесени од фантазиите почнуваат да живеат сопствен живот. Џокер – палавко, кој гледа предлабоко и премногу.
Тоа се компонентите на една фасцинантна приказна во приказна, во која брилијантно се мешаат фантазијата и реалноста, минатото и сегашноста. Ова е едно од најпознатите дела на најпродаваниот автор во светот за 1995 година.