Невидливи градови / Замокот на вкрстени судбини
315 ден
Итало Калвино се смета за најлуцидниот, најиновативниот автор во современата италијанска книжевност, писател кој го означува преминот од традиционален во постмодер-нистички израз.
Книгата Невидливи градови е составена од единаесет циклуси за единаесет видови градови, кои не постојат во ниеден атлас на светот. Сите тие носат по едно женско име, а авторот во описот им пристапува претпазливо, нежно и внимателно, како да тргнува во додворување и освојување на некое живо „женско“ суштество. Со извонредна инвентивност, Калвино го развива својот омилен концепт на игра, на лудистичка конструкција, користејќи го како основа симболот на градот, варијациите во неговата архитектура и клопчето од човечки животи што се преплетува со неа.
Замокот на вкрстените судбини е роман составен од кратки раскази обединети во два дела – Замокот на вкрстените судбини и Крчмата на вкрстените судбини. Во основата на романот се наоѓаат две групи патници кои поминувајќи низ една шума ја загубиле моќта да зборуваат. Едната група ја поминува ноќта во крчмата, а другата во замокот. Тие ја раскажуваат приказната за своите животи користејќи тарот-карти наместо зборови. Нараторот ги толкува картите, но бидејќи тарот-картите можат да имаат повеќекратни интерпретации, приказните што нараторот ги нуди не мора нужно да се и приказните што немите раскажувачи имале намера да ги раскажат…
„Поради својот врвен раскажувачки талент, Итало Калвино се стекна со меѓународна слава и углед на ’еден од најдобрите раскажувачи на приказни во светот‘.“
New York Times Book Review
Нема на залиха