Несреќа без желби
126 ден
Петер Хандке е еден од најавангардните писатели на современата австриска книжевност, познат по своите драми, романи и поезија. Првите книжевни успеси Хандке ги стекнува како драматург и тоа со антиконвенционалните драми во кои отсуствуваат класичниот заплет, дијалог и ликови.
Романите на Хандке се карактеризираат со стремеж кон објективност, како и со ликови со екстремна умствена состојба.
Несреќа без желби е автобиографска проза во која Хандке го соочува својот живот како дете во поствоена Германија со животот и смртта на својата мајка. Низ еден храбар обид за соочување со нејзиното самоубиство, тој во оваа книга се обидува да го опише нејзиниот живот, онаков каков што навистина бил.
Преку чистиот и непатетичен приказ на нејзиниот живот, Хандке прави едно незаборавно ремек-дело без навлегување во своите лични чувства, со цел да го избегне „пишувањето приказна“ и претворањето на неговата мајка во „лик“, што би било предавство кон неа.