Обновен Свет
500 ден
Хенри Кисинџер ја напишал Обновен свет со цел да се објасни и разбере еден од најдраматичните периоди во историјата, периодот кога Европа од политички хаос се здобила со балансиран мир што траел речиси сто години.
По падот на Наполеон, европските дипломати се собрале во Виена со цел да ја повратат стабилноста по Француската револуција, Наполеонските војни и распадот на Светото Римско Царство. Централни фигури на Виенскиот Конгрес биле секретарот за надворешни работи на Обединетото Кралство, Каслреј и министерот за надворешни работи на Австрија, Метерних. Каслреј пред се бил засегнат со одржување на балансот на силите, додека пак Метерних ја поставувал својата дипломатија врз основа на идејата за легитимитет, односно воспоставување и работење со влади прифатени од граѓаните без употреба на сила. По овој конгрес мирот што следувал траел се до почетокот на Првата светска војна.