Опашки од гуштери
420 ден
Опашки од гуштери е потресна и трогателна семејна приказна која се одвива непосредно по завршувањето на Втората светска војна и среде политичкиот хаос во Шпанија во овој период.
Романот ја сведува општествената состојба во земјата на микро ниво, во рамките на малото семејство на сè уште неродениот наратор. Раскажувајќи ги настаните кои му претходат на неговото раѓање, тој опишува како членовите на неговото семејство исчезнуваат, еден по еден: неговиот татко кого го прогонува полицијата поради политички причини и кој мора да побегне од дома, неговата мајка која во поодмината бременост мора сама да се снаоѓа да преживее и да ги одгледува своите деца, и неговиот брат Давид кој бега од реалноста создавајќи сопствен свет. Со само неколку споредни ликови и со неверојатно ефективно доловување на атмосферата, Марсе успева да создаде една книжевна Барселона од четириесеттите која претставува засебен „свет во распаѓање“.
Опашки од гуштери е роман за загубата и осаменоста, за семејните трагедии и општествените кризи, речиси апокалиптичен во својата разорна моќ, при што единствената утеха што е оставена пред читателот (и пред ликовите) е – токму книжевноста.