Патот на запад
350 ден
Патот на Запад e исклучително привлечен и читлив роман кој ги оживува авантурите на раните патници кон Запад и нивниот пионерски дух. Оваа прочуена американска класика говори за напорите, разочарувањата и успесите на доселениците кои за првпат ги истражуваат подрачјата на ненаселениот Запад во 1864 година. Енергичниот Ирвин Тадлок го води карванот кочии по Орегонската патека, со помош на водичот Дик Самерс. По неколку незгоди кои резултираат со неколку загубени животи, меѓу доселениците избива еден вид на бунт, па улогата на водач ја презема Лајж Еванс. Наскоро карванот се дели на разни сопернички фракции, кои сепак ги спојува заедничката цел – да го преживеат мачниот пат до Орегон.
Со својот чувствителен, но несентиментален прозен израз, А. Б. Гатри ги отсликува тешките предизвици и восхитувачки победи на пионерскиот живот. Со Патот на Запад тој оддава почест на величественоста на нескротената природа на Западот, на нејзините сурови но прекрасни пејзажи, како и на извонредните луѓе кои ја населуваат.