Подрумите на Ватикан
190 ден
Дејството на овој роман е сместено кон крајот на 19-тиот век, во Париз и Рим. Група лажговци ги користи озборувањата дека Папата е киднапиран и заменет со измамник, за да извлечат пари од наивните верници. Следува вистински поход за спас на понтифот, кој привлекува плејада од ликови, различни и спротивставени едни на други, а нивната комбинација доведува до низа необични настани.
Преводот на Елисавета Поповска на ова дело во 2010 година ја доби наградата „Божидар Настев“ за најдобар превод од француски јазик.