Пред и по танцот
200 ден
Поетскиот ракопис на Владимир Мартиновски – Пред и по танцот – претставува, несомнено, продолжение на истиот сензибилитет, на истиот светоглед, како и на истиот структурно-композициски, идејно-тематски и стилистички концепт понуден во стихозбиркатаКвартети: за читање, гледање, пеење и слушање, за којашто авторот ја доби престижната награда „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата во 2010 година.
Одбирајќи го танцот како основен spiritus movens, како централна, амблемска одредница на својата стихозбирка, Мартиновски недвосмислено се определува за воспевање на бесмртноста, зашто танцот е олицетворение на: динамизмот, енергијата, екстазата (естетска, емотивна, еротска, мистична…), слободата, спонтаноста; танцот го отфрла секој облик на детерминизам и прагматизам, а тежнее за освојување на вонвременскиот простор како место за игра.