Промена
320 ден
Преводот на романот од кинески е на Сара Цеветановска.Мо Јан (1955) со оваа книга прв пат се претставува пред македонската читателска публика. За него е речено дека со халуцинатна острина ги обединува историјата, приказната и современиот миг. Токму овие особености читателот ќе ги сретне во овој краток роман или новела, која е во основа автобиографска проза.
Делата на Мо Јан се занимаваат пред сè со бурната историја на Кина во дваесеттиотвек, а често се обоени со прониклив и циничен хумор. Со мешавина од фантазија и реализам, историски и социјални перспективи, Мо Јан креира сугестивен свет кој потсетува на делата на Фокнер и на Гарсија Маркес.