Раскази и повести
315 ден
Ме викаат Циган е роман за едно момче кое во несреќа губи сѐ: своето сеќавање, сопствениот идентитет, можноста да се сети на родителите. Откако ќе се најде меѓу Роми кои го посвојуваат, меѓу луѓе и традиција што не ја познава и разбира, се чувствува емотивно и интелектуално загубен.
Момчето поминува долг пат, следен со многу неизвесности, болки и страдања, соочување со предрасудите на луѓето, додека успее да се избори за своето право на достоинствен живот. Тој пат колку што е борба против надворешните елементи толку е и борба со себеси, надминување на индивидуалното чувство на инфериорност.
Во романот авторката умешно ја води приказната која цело време е драматична и напната, умешно комбинирајќи ги суровите ситуации со лирските моменти во кои доминираат уметничкиот талент на момчето и неговата љубов кон коњите.