Сите сакаме рај
400 ден
„Сите сакаме рај“ од Елс Бертен не е само историски приказ на ужасите на Втората светска војна од првите борбени линии. Елс Бертен ни дава веродостојна слика за секојдневниот живот во рововите и насекаде каде се наоѓа семејството Класен и другите ликови, кои ги врзуваат семејни врски, пријателство или судбина. Четири наратори ја раскажуваат приказната: браќата Јеф и Реми, нивната сестра Рене и нивниот пријател Вард. Во детален и веродостоен психолошки портрет, Бертен ги претставува нивните надежи, соништа и желби. Дали ќе мораат да почекаат да заврши војната за да почнат да го живеат својот живот? Клучното прашање во романот се последиците и валидноста на тешките одлуки и моралните дилеми.
Романот на Бертен е добитник на низа книжевни награди, меѓу кои Фламански книжевен лав, Златен був за млади читатели, Златна рамка и наградата Нинке ван Хихтум. Критиката го оцени делото на Бертен како „монументална книга, каква што се создава само еднаш во десет години“. Преводот од фламански јазик е на Ели Доезе, добитник на наградата „Златно перо“ за најдобар превод во 2011 година.