Стажирајќи за светец
200 ден
Во најновата поетска книга на Игор Исаковски веднаш го препознаваме новото урбано лирско писмо што го најави неговата генерација македонски поети и што упорно продолжува да го негува и развива веќе втора деценија. Тој опит на непосредна поетска реакција и одблесок од впечатоци на градскиот (секојдневен) живот го препознаваме и зад основната љубовна тема што ги додржува во една воедначена низа сиве 36 љубовни песни, со тенденција во нив да се сталожи и едно сензибилно животно и поетско искуство. Б. Ѓузел