Тајно злато
600 ден
Книгата „Тајно злато“, појаснува Урошевиќ, настаната е од повеќекратните средби со книгите посветени на алхемијата.
„Ме возбудуваше одамна оваа таинствена дејност, негирана, отфрлана, обвинувана за измама, но која се јавувала во повеќе цивилизации (египетска, грчка, кинеска, индиска, арапска, средновековна европска) и која, наспроти сите оспорувања, истрајувала и продолжувала да ги фасцинира љубопитните умови од сите епохи. Особено ме привлекуваа ликовните сведоштва кои низ својата симболика сакале да ги дадат насоките на овие истражувања, но на еден начин кој би ја соопштувал својата тајна само на посветените. Подоцна ја открив заинтересираноста на длабинската психологија за алхемијата, теориите за присутноста на алхемичарските учења во многубројни дела на познатите сликари од минатите векови, како и фасцинираноста на надреалистите од суштината на енигмите што алхемичарите ги оставиле зад себе“, пишува Урошевиќ за книгата.
Нема на залиха