Театарски роман
250 ден
Театарски роман, иако незавршен роман, е полно дело кое во душата остава огромeн белег. Приказната на Максудов е толку лична, толку болна, што веднаш си го наоѓа местото до срцето на читателот. Желбата на Максудов да живее со театарот и да го разбира неговото несовршенство, нереалност (или обратно – преголемата реалистичност на животот зад театарските кулиси) го доведува авторот до неврастенија, и, најверојатно, до смрт. Писателот кој ја гледа смртта на своето дело „умира“ заедно со него. Булгаков повеќе пати го почувствувал тоа на својот творечки пат.