Семра Самет е патник на 20-тиот и 21 век. Повеќе од дваесет години живее и работи во Австралија, но и покрај далечината вели дека се чувствува многу блиску до својата земја. Автор е на бројни стихови напишани на турски јазик од кои еден дел периодично биле објавувани во месечното списание на турски јазик „Сеслер“ и во весникот „Бирлик“ од Скопје. Нејзината стихозбирка „Трагање“ („Arayış“) напишана на турски јазик беше објавена во 2014 г. во Скопје во издание на издавачката куќа „Алманах“. Таа е автор и на романот „Австралиска сага“ објавен на македонски јазик во 2016 г. во издание на истата издавачка куќа.Во своите стихови како и во романот ги обработува темите на преселбата и адаптацијата во новата средина, како и внатрешниот свет и дилемите на жената во нејзината секојдневна борба за материјален и духовен опстанок на распаќето помеѓу семејството и кариерата.
Трагање
180 ден
ОПИС