..Меѓутоа не треба да верувате дека богатството само ќе ви дојде. За да го стекнете вие морате:
- Да го поставите претпријатието на здрави основи;
- Да располагате со потребниот капитал;
- Вредно да работите;
- Секогаш да бидете на работа, без чести и долги одмори и отсуства,зашто сопственикот на едно претпријатие мора постојано и лично
да врши надзор.
- Да имате или насочено образование (кое ќе ви биде од користдоколку го имате), или барем способност да ја разбирате трговската дејност, брзо да одлучувате и да се донесувате правилни одлуки кога што да правите.;
- Да бидете уреден, многу уреден;
- Да умеете да говорите и да убедувате;
- Да бидете многу љубезен и да се грижите да го услужите вашиотмуштерија, па макар и по цена на сосема минимална заработка.
- Кон персоналот да бидете тактичен но цврст, потоа правичен идарежлив, зашто добрите помошници треба достојно и да ги
наградите;
- Без премислување да го отпуштите секој вработен со чија работаили однесување сте незадоволен. Не заборавајте дека лошите работници ги расипуваат добрите и дека еден лош работник, што и да ветува, тешко ќе се поправи ако остане на истото работно место, кај истиот газда, и покрај истите другари; може да се поправи единствено во друга средина;
- Најпосле во сé да бидете исправни, да го почитувате дадениот збор и да работите така што да нема сомнеж во вашата чесност;