Три жени
105 ден
Книжевното проседе на австрискиот писател Роберт Музил (1880-1942) се надоврзува на европската книжевна традиција од почетокот на 20. век во која се губи трагот на класичните облици на раскажување, додека според тематската повеќеслојност и јазичната суптилност на своето творештво, Музил се вбројува во самиот врв на европското книжевно творештво и во науката е често споредуван со Пруст и Џојс.
Циклусот раскази Три жени, за кој и самиот автор кажал оти in nucleo го содржи „Човекот без својства“, може да се чита и како своевиден вовед во клучниот Музилов роман. Циклусот претставува триптих од раскази насловени како „Гриџа“, „Португалката“ и „Тонка“ – тоа се имињата на три женски лика како парадигми за Другото кои се среќаваат со тројца машки ликови. Машките ликови соочени со гранични, кризни животни ситуации доаѓаат во допир со жените и го доживуваат мигот на „другата стварност“. Расказите се проткаени со загадочност која кај Музил добива и ирониска двосмисленост, па така, навидум традиционалното дејство сепак останува, можеби парадоксално токму поради тоа што е такво, вон секое реално и јасно прифатливо објаснување.