Универзална историја на нечесноста
200 ден
Универзална историја на нечесноста содржи девет раскази од годините 1933-1934, како и шест пократки форми, неверојатни приказни. Кратките форми, инспирирани од арапските легенди, имаат карактеристики на параболи. Додека, пак, расказите се класични отсечки од наративна проза. Нивните јунаци се разни ништожници: крадец на идентитет, лажен пророк, пирати, њујоршки гангстер или, пак, легендарниот Били Кид. Хорхе Луис Борхес ги пренесува своите читатели на мапите на Универзалната историја на нечесноста на разни места во светот – од САД во XIX век, во Јапонија од XVIII век, во Туркменистан, Чиле…
Иако авторските текстови на Борхес се помешани во збирката со оние што се создадени врз основа на чуени приказни, претставуваат негова сопствена интерпретација на туѓи приказни. Тие се позајмени, но живеат автономно, независно од примарните басни и легенди.