Чичко Горио
315 ден
Романот Чичко Горио поседува уште една специфика во рамките на опусот на Балзак. Како што во „Човековата комедија“ се насликани речиси сите слоеви во француското општество, така и пансионот во кој, главно, иако не исклучиво, се одвива дејството на романот Чичко Горио, е едно општество „во мало“. Тој пансион е метафора, еден вид парадигма за она што се случува во тогашниот живот, во општеството, на социјален, политички, (не)морален, монденски и сите други можни планови. За да се објасни пластично релацијата на ликовите во романот со нивното милје, најдобро е да се изделат две тријади од ликови и настани кои се поврзани со нив. Бидејќи сè произлегува од пансионот на мадам Вокер, која е неговата сопственичка, се изделуваат три доминантни ликови: младиот и амбициозен студент Ежен де Растињак, стариот чичко Горио и измамникот Вотрен. Минуциозната анализа на овие ликови го покажува следното: сите тие во себе кријат длабоки лузни.