Џонатан Стрејнџ и Господин Норел
650 ден
Годината е 1806, Англија е изнемоштена од долгата војна со Наполеон, а волшебниците со векови се избледени од сеќавањата на народот. Повеќето луѓе веруваат дека магијата е одамна изумрена во Англија и дека англиските волшебници се сведени на неефикасни теоретичари и собирачи на
книги.
Но тогаш во Лондон пристигнува еден јоркширски волшебник, Гилберт Норел, со намера да ја обнови репутацијата на англиската магија. Тој ги открива своите моќи и станува познат преку ноќ. Наскоро се појавува еден друг волшебник: младиот Џонатан Стрејнџ, кој успева да му стане ученик на г. Норел, негова конкуренција. Стрејнџ станува познат и поради своето влијание врз војната против Франција, но сѐ повеќе се насочува кон најдивите, најопасните форми на магија, оддалечувајќи се од своето партнерство со Норел и ризикувајќи сѐ што му е драго. Иако има среќа да ги сретне и, можеби, да ги инспирира Лорд Бајрон, Шели и Мери Шели, Стрејнџ дури и ја губи својата сопруга во тоа волшебно кралство…