Галиди Херт е аутистично момче, син на Жанин, која има проблеми со алкохолот.
Тој ги разбира работите буквално и смета дека зборовите значат токму она што го искажуваат.
На пример, земете го холандскиот збор за “се движи”, кој е “verhuizen” и го содржи зборот “вер”, што значи “далеку”. Во светогледот на Херт “verhuizen“, исто така, значи нешто што се случува далеку… Исто така, кога неговата мајка му кажува дека пред да води љубов со девојка треба да ја навлажни, тој фрла кофа со вода врз девојката. Работите едноставно не функционираат на начинот на кој тој мисли дека треба.
Поради начинот на кој работи неговиот ум, тој сака да комбинира работи со цел да изгради нешто ново. Така, Херт го открива неговиот талент за изработка на виолини од стари каучи, и почнува просперитетен бизнис продавајќи му ги на еден германски трговец. Додека работи, се грижи за гулаб писмоносец, кој секогаш се враќа кај него. Колку и да изгледаат чудно сите овие случувања, тие, сепак, формираат еден вид на функционален свет за Херт, а на читателот му е дозволен чуден, но фасцинантен увид во неговиот невообичаен, но сепак чист и невин ум.