Не дозволувај ништо да те врати назад!
Негативните мисли и емоции се најголемата причина за луѓето да не можат да го исполнат својот потенцијал. Добрата вест е дека вие имате моќ да го промените тоа. Вие можете да ја „бакнете“ својата негативна жаба и да ја претворите во позитивна. Применете ги едноставните, но моќни методи и техники од оваа книга, за секој проблем да го претворите во придобивка и да живеете навистина несекојдневен живот!
„Кога Брајан ми кажа за неговата нова книга, јас веднаш знаев дека ќе ја имам, ќе ја прочитам и ќе ја споделам со моите пријатели. Ви препорачувам да ја купите оваа книга, да ја прочитате и да ја употребите – бидејќи посреќниот и порадосен живот е на само неколку часа од вас“.
Дејвид Бах, автор на Њујорк тајмс бестселерот Автоматски милионер и основач на FinishRich.com
„Не дозволувајте смешниот наслов да ве измами – Бакни ја жабата! може да го измени вашиот живот. Нека Брајан Трејси и Кристина Трејси Стеин ви помогнат да се ослободите од негативните мисли, кои ги контролираат вашите секојдневни ставови повеќе отколку вашите остварувања. Прочитајте ја оваа книга и зачекорете во многу попозитивна иднина“.
Кен Бланчард, коавтор на книгата Менаџерот „Една минута“